Состојки за кора:
- 400 гр мелени бисквити
- неколку дробени ореви
- 5 лажици млеко
- 90 гр путер
Начин на подготовка:
- Од состојките се замесува тесто и се обложува во округла модла за торта.
- Се пече околу 20 до 30 минути на температура од 180 степени.
- Врз кората се мачка тенок слој нутела, а врз него се ставаат вишни или некое шумско овошје по избор.
Состојки за крем:
- 3 шлаг креми од ванила или пена
- 300 гр млеко
- 250 гр кисела павлака
- јагоди
Начин на подготовка:
- Шлаг кремите или пената се матат со млекото, а на крај се додава и киселата павлака.
- Матиме со миксерот додека не добиеме компектна и цврста смеса.
- Нанесуваме рамномерно врз вишните во форма на тортата.
- Јагодите ги миеме, чистиме и сечкаме на половинки. Ги ставаме врз кремот како на фотографијата.
- Пред да ја послужиме ја оставаме да отстои 2 часа во фрижидер.
На здравје!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Зелена салата со сирење и џем од јагоди
ВИДЕО: Рецепт за панакота со јагоди