Баклава

Баклава

Кој јаде баклава знае дека нема насит додека не се изеде целата тепсија 🙂 Особено ако имате одличен рецепт каков што е овој на Тодор Арсовски:

Состојки за баклава:

  • 500 гр готови кори (не тенки)
  • 300 гр ореви
  • 300 гр шеќер
  • 3 лажици презла
  • 100 мл масло за премачкување на корите
  • 100 мл масло и 150 мл вода за преливање на корите

Состојки за шербет:

  • 600 мл вода
  • 600 мл шеќер

Начин на подготовка:

  1. Подгответе го шербетот, така што ќе ги ставите на оган водата и шеќерот околу 20 минути и потоа го оставате на страна да се излади додека се подготвува и пече баклавата.
  2. Тава за печење со големина 20×30 cm се премачкува со масло за готвење. Корите се сечат според големината на тавчето. Оревите исечкајте ги на ситни до средно големи парчиња и измешајте ги со презлата и 100 грама шеќер.
  3. Наредете три кори во тавата и секој премачкајте ја со масло за готвење. Ставете четврта кора и посипете ја со дел од мешавината од ореви, презла и шеќер. Следната кора премачкајте ја со масло за готвење, а таа после неа повторно со дел од смесата.
  4. Така редете додека не ви останат осте 4 кори. Од нив 3 кори се редат една врз друга и секоја се премачкува со масло за готвење.
  5. Во меѓувреме загрејте ја мешавината од 100 мл зејтин и 150 мл вода. Исечете ја баклавата на коцки и прелијте ја со загреаната мешавина.
  6. Најодозгора ставете ја и последната кора и премачкајте ја со масло за готвење.
  7. Ставете ја баклавата да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени додека не порумени, односно помеѓу 25 и 35 минути во зависност од шпоретот.
  8. Откако ќе се испече, баклавата се вади од рерната и се трга најгорната кора. Потоа се прелева со изладениот шербет и се остава да отстои 20 – 30 минути.

Време на подготовка кое му е потребно на Тодор: 20 минути + печење 1 час

СОВЕТ: Доколку сакате да не ви се наберат горните слоеви на кората, поклопете ги со друго тавче. Чувајте ја баклавата во фрижидер, покриена со фолија.

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Рецепт за тигар торта за секоја прослава тука

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

Повеќе рецепти за вкусни десерти

singlepost_text