Пилешки шницли во сос

Пилешки шницли во сос

Неодоливи пилешки шницли во пикантен сос…

Состојки:

  • 600-800 гр пилешки гради
  • 1 главица кромид
  • масло
  • 1 лажица брашно
  • лук
  • малку црвена пипер
  • сол
  • бибер
  • магдонос

Начин на подготовка:

  1. Исечкајте пилешки гради за шницли и загрејте масло во малку подлабока тава. Пропржете ги шницлите по неколку минути од двете страни. 
  2. Кромидот исечкајте го ситно и пропржете го на маслото на кое сте ги пржеле шницлите – претходно намалете го огнот. Кога кромидот е стане стакласт, додајте шолја топла вода и шолја ладна вода во која сте разматиле лажица брашно. 
  3. Кога ќе зоврие, додајте лук и вратете ги шницлите во сосот и додавајте пипер и зачини. Гответе десетина минути, со повремено мешање. Пет минути пред крајот додајте магдонос.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

 

singlepost_text