Неодолив џем од чоколадо, лешници и урми

Неодолив џем од чоколадо, лешници и урми

Сладок намаз, подобар од било кој купечки…

Состојки:

  • 150-200 гр печени лешници
  • 250-300 гр свежи урми
  • 3-4 лажици какао
  • 2-3 дл вода
  • малку хималајска сол

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 180 степени. Испечете ги лешниците 15 минути, па излупете ги со помош на кујнска крпа. 
  2. Во блендер ставете излупени лешници, додајте вода и мешајте додека не добиете густа смеса. Додајте урми, какао и сол, па блендирајте до саканата текстура. 
  3. Зависно од јачината на блендерот ќе добиете намаз кој ќе биде нешто погруб или ќе има глатка текстура како домашна Нутела.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text