Ви донесуваме рецепт со мексикански вкусови, салата која ќе биде составен дел од вашето мени.
Состојки:
- 4 варени јајца
- 2 авокада
- 800 гр варен грав
- 1 рака исечкан коријандер
- 250 гр сечкани домати
- 1 ситно сечкана чили пиперка
- маслиново масло
- кромид
- лук
Начин на подготовка:
- Исчистете го авокадото, исечете го на парчиња со саканата големина и измешајте со грав, кромид, домат и коријандер.
- Од маслиновото масло, чили пиперката и лукот направете сос. Во салатата додајте варени јајца и прелијте ја со сосот. Послужете со топли и крцкави тортиљи.
Добар апетит!
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна
ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути