И боранијата може да биде вистински деликатес – Многу вкусна тава

И боранијата може да биде вистински деликатес – Многу вкусна тава

Брз и вкусен ручек за 30 минути, кој ќе направи и боранијата да е на листата на вашите омилени јадења.

Ова е тоа што ви треба, како и начинот на подготовката:

Состојки:

  • 500 гр боранија
  • 1 главица кромид
  • 2 моркови
  • малку масло
  • коцка маргарин
  • 200 мл неутрална павлака
  • сол и бибер

Подготовка.

  1. Кромидот се сече, морковот се чисти и се сече на кригчиња, па се пржат на малку масло во тавче. Се додава боранијата и зачини по ваш вкус, како и сол и бибер.
  2. Се премачкува со маргарин огноотпорен сад, се става смесата, па се прелива со чаша вода и се става капак.
  3. Се става да се пече половина час на најсилна температура, па се пече уште еден час на 180 степени.
  4. Пред крај се отвара капакот и се става павлаката одозгора.
  5. Се пече уште 20 минути.

Добар апетит!

Прочитај поврзани рецепти на Gotvi.mk:

Сочна боранија во карамелизиран кромид со печурки

Ваква боранија не сте јаделе – еден додаток ја прави врвно јадење

Гурманска боранија

ВИДЕО РЕЦЕПТ за највкусната боранија!

ВКУСНО ЈАДЕЊЕ: Варена боранија со јунешко

Ова ќе го јадат и оние кои не се љубители на боранија: Деликатес од рерна

Јагнешки гулаш со боранија и грав

Боранија на далматински начин