Јагнешки гулаш со боранија и грав

Јагнешки гулаш со боранија и грав

Ова пикантно јадење во исто време ќе ве засити и ќе ве згрее…

Состојки:

  • 2 главици кромид
  • лута пиперка
  • 2 чешниња лук
  • 600 гр јагнешки бут
  • 3 лажици масло
  • 1 л бујон
  • 400 гр Пекабеско замрзната боранија
  • 2 шолји зготвен бел грав
  • 1 лимон
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Кромидот и исчистената лута пиперка исечете ги на тенки кругови, а лукот на листови. Јагнешкото измијте го и исушете го, па исечкајте го на коцки.
  2. Дел по дел месото пржете го на врело масло, посолете, побиберете, извадете. На маснотијата од месото испржете ги кромидот, лукот и пиперката, вратете го месото, додајте бујон, поклопете и гответе на тивок оган 35 минути.
  3. Исчистете ја боранијата, додајте ја во месото и гответе уште 15 минути. Зготвениот бел грав на крај кратко загрејте го во гулашот. Лимонт измијте го со жешка вода, па со тенок нож излупете ја кората така што ќе добиете ленти. Гулашот по потреба зачинете го со сол и бибер, посипете со ленти лимонова кора и послужете.

Добар апетит!

Повеќе поврзани рецепти на Готви.мк

Гурманска домашна плескавица

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

Замена за пржење: Еве како да подготвите крцкав помфрит во рерна

Топ 10 неверојатно вкусни Gotvi.mk рецепти со компири

Направете домашен песто сос со тестенини

Совет: Не ја фрлајте, искористете ја водата во која варите тестенини

Италијанско предјадење за цело семејство

Ориентални шпагети

Медитерански фусили

Јуфки трио формаџо