Боранија на далматински начин

Боранија на далматински начин

Ова јадење можете да го послужите како прилог, но доволно е вкусно и да ја понесе главната улога на трпезата.

Состојки:

  • 400 гр боранија Пекабеско
  • 2 средни компири
  • 3 чешниња лук
  • малку сол и бибер
  • маслиново масло

Начин на подготовка:

  1. Компирите исчете ги на коцки и гответе ги на блага температура. Кога ќе омекнат во истото тенџере додајте и боранија (жолта или зелена).
  2. Гответе уште 10 до 15 минути, па исцедете ја водата.
  3. Посолете, додајте бибер и лук во прав или ситно сечкан лук. Сè убаво прелијте со маслиново масло.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Полнети тиквички по најдобар рецепт

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула