Што за ручек? Пилешко со мед и ѓумбир

Што за ручек? Пилешко со мед и ѓумбир

Совршена комбинација од пилешко, мед, ѓумбир и портокал!

Состојки:

  • сок од 2 портокали
  • 1 лажичка рендана кора од портокал
  • 1/3 шолја мед
  • 4 лажички ѓумбир во прав
  • 3 шницли пилешки гради
  • 2 половини портокали за сервирање

Начин на подготовка:

  1. Во сад измешајте сок и кора од портокал, мед, ѓумбир и сол. Половина од тоа ставете го во помал сад, а половина измешајте ја со месото во поголем сад.
  2. Оставете го месото да се маринира околу 15 минути на собна температура. Свртете го еднаш во текот на маринирањето.
  3. Пржете ги шницлите на малку масло премачкувајќи ги со остатокот од маринадата.
  4. На крај на истото масло пропржете ги и парчињата портокал кои ќе ги сервирате со месото.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

singlepost_text