Домашен бурек со сирење – Лесен за правење а како од пекара

Домашен бурек со сирење – Лесен за правење а како од пекара

Направете вкусен домашен бурек со сирење, како од пекара.

Состојки:

  • ½ кг. кори
  • 300 гр. сирење
  • 250 мл. вода
  • 125 мл. масло
  • малку сол

Подготовка:

  1. Се мешаат вода и масло во поголем сад и се става сол.
  2. Се премачкува округла тепсија со масло и се ставаат две кори, а ивиците им висат од страните на тепсијата.
  3. Се прска со мешавината од вода, масло и сол.
  4. Се делат остатокот од корите на по 3 кори.
  5. Се земаат три кори и се ставаат во плехот згужвани, па се прска врз третата кора  со мешавината и се става ронето сирење.
  6. Се прави така со сите кори и се става фил.
  7. Краевите кои виселе се ставаат најгоре врз последната кора и се прска цел бурек со течноста со вода и масло.
  8. Се загрева рерна на 180 степени и се пече додека порумени.

Уживајте!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

 

singlepost_text