Рецепт за ручек кој лесно се прави.
Состојки:
- 500 гр пилешко
- 200 гр суви ребра
- 2 главици кромид
- 6-7 свежи пиперки
- 1 помала тиквица
- 1-2 моркови
- 2 домати
- 1 компир
- малку мелена црвена пипер
- сув зачин или сол
- мелен бибер
- ловоров лист
- масло
Начин на подготовка:
- На масло пропржете крупно сечкан кромид, додајте сечкани пиперки на коцки и пропржете.
- Додајте тиквици на коцки и компир, заедно со коцки суви ребра, па додајте зачин или сол, мелена пиперка, бибер и динстајте.
- Тргнете од шпорет. Додајте измиен ориз па измешајте. Тепсијата намастете ја со масло и наредете сечкани домати.
- Пилешкото посолете го, намастете го и ставете го во тепсијата. Печете на 210 степени околу 1 часа.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“: