Паштета од бела риба

Паштета од бела риба

Вкусна паштета од бела риба и јајца.

Состојки:

  • 2 кг филети бела риба
  • 6 јајца
  • 200 мл крем павлака
  • 300 гр кисели пиперки
  • 300 гр пелати домати
  • 2 лажици брашно
  • 30 гр путер
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Филетите риба ставете ги во тенџере, прелијте со литар вода и гответе околу половина час. Добро исцедете и изгмечете со вилушка, а во сад разматете јајца со пелати, брашно и крем павлака. Зачинете по желба. 
  2. Со путер намастете плех па редете риба, кисела пиперка и прелијте со мешавина од јајца, пелати и павлака. Печете во рерна на пареа околу 40 минути. Готовата паштета изладете ја во фрижидер најмалку 4 часа.

Добар апетит!

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

singlepost_text