Грчка чорба со лимон и ориз

Грчка чорба со лимон и ориз

Вкусна и освежувачка чорба со лимон…

Состојки:

  • 1 шолја ориз
  • 2 л бистра пилешка супа
  • 3 жолчки
  • 1 лажица густин
  • 1 шолја млеко
  • 1 лимон
  • 1 лажица путер
  • 1 лажица листови магдонос
  • бибер
  • сол

Начин на подготовка:

  1. Ставете ја супата да зоврие, па додајте измиен ориз. Гответе околу половина час.

     

  2. Посебно разматете густин, жолчки и млеко да добиете глатка маса. Додајте сок од лимон, добро измешајте, па масата во тенок млаз ставете ја во врелата супа, непрекинато мешајќи, да не се направат грутки.

     

  3. Кога чорбата ќе згусне, измешајте путер и ситно сечкан магдонос. Послужете ја топла.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

 

singlepost_text