Посна чорба со спанаќ: Вкусно и брзо јадење (Видео)

Посна чорба со спанаќ: Вкусно и брзо јадење (Видео)

Брзо и лесно подгответе вкусна посна чорба со спанаќ…

Состојки:

  • 1 веза млад кромид
  • 1 главица кромид
  • 300 гр свеж спанаќ
  • 2 моркови
  • 1 тиквица
  • 1 свежа пиперка
  • 3 компири
  • 1 лажица ајвар
  • 150 гр тестенини по избор (посни)
  • масло
  • зачински билки
  • бибер
  • сува пиперка
  • листови магдонос

Начин на подготовка:

  1. На масло пропржете сечкан млад кромид и главица кромид, додајте морков, сечкана тиквица, компир и сѐ донстајте. Додајте сечкан спанаќ. Пред крај додајте пиперка, зачини, сол и бибер и налијте вода уште малку да се зготви. 
  2. Додајте тестенини, ако сакате можете и една свежа лута пиперка. На крај додајте сечкан лук и магднос.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

singlepost_text