Стифадо: Сочно јунешко на грчки начин, се топи во уста

Стифадо: Сочно јунешко на грчки начин, се топи во уста

Специјалитет кој ќе го обожавате!

Состојки:

  • 750 гр јунешко или говедско
  • 250 мл суво црно вино
  • 1 лажичка вински оцет
  • 2 чешниња лук
  • 400 гр кромид
  • 1 стапче цимет
  • 2 листови ловор
  • 1 лажичка мелена црвена пипер
  • 1 лажичка доматно пире
  • 1/2 конзерва пелати
  • 150-200 мл говедска супа
  • маслиново масло
  • сол
  • бибер
  • малку брашно

Начин на подготовка:

  1. Исечете го месото на поголеми коцки и извалкајте го во брашно измешано со сол и бибер. На врело масло пржете го месото додека не добие златна кора, па ставете го во огноотпорен сад и додајте малку маслиново масло. 
  2. Кромидот исечкајте го на поголеми парчиња и динстајте го додека не добие фина кафеава боја. На крај продинстајте лук и сè ставете преку месото. 
  3. Во тенџере ставете вино, цимет, оцет и бибер и оставете да зоврие. Прелијте преку месото, а потоа сè прелијте со говедска супа и ставете два ловорови листови. Поклопете ја огноотпорната чинија и ставете во рерна. Печете околу еден час на 200 степени. Благо отклопете и печете уште 2,5 часа. Послужете со ориз.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

 

singlepost_text