Бургер погачи за почеток на денот: Многу од едно тесто, појадок или мезе

Бургер погачи за почеток на денот: Многу од едно тесто, појадок или мезе

Направете вкусни погачи како за хамбургери.Навистина се вкусни и одлични за старт на денот или мезе.

Состојки:

  • 200 мл. млеко 
  • 1 јајце 
  • 60 гр. путер 
  • 2 лажички шеќер 
  • 1 лажичка сол 
  • 20 гр. квасец 
  • 450 гр. брашно тип 500 
  • жолчка и сусам за горе

 

 

Подготовка:

  1. Во топло млеко се ставаат јајце и растопен путер, шеќер и квасец и се остава се да нарасне. 
  2. Се мешаат 400 грама брашно со сол и се додава смесата со квасец, па се меша со вилушка или жица да се изедначи. 
  3. Добро замесете тесто, прекријте го со крпа и оставете го да нарасне. 
  4. Поделете го на топки, ако се лепи набрашнете ги рацете. 
  5. Направете погачи мали. Излегуваат околу 12. 
  6. Се ставаат на плех со хартија за печење и се оставаат половина час. 
  7. Се загрева рерната на 180 степени, па се премачкуваат со јајце и се става сусам и се печат околу 15-20 минути во зависност од рерната. 
  8. Веднаш по вадењето ставете им крпа за да омекнат.

Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Палента по рецептот на турската актерка

Мафини кои не се комплицирани

Топли пирошки со сирење

Мини проја со фета

Појадок од стар леб

Леб кој не дебелее

Појадок во шолја

Појадок со кој ќе топите килограми

 

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*