Плескавици од зеленчук – толку вкусни немате пробано (Видео)

Плескавици од зеленчук – толку вкусни немате пробано (Видео)

Ви донесуваме рецепт за здрави, вкусни, диетални плескавици…

Состојки:

  • 100 гр карфиол
  • 100 гр брокули
  • 1 морков
  • 1 помал праз или 2-3 млади кромидчиња
  • 3 средни компири
  • листови магдонос
  • лук во прав
  • 100 гр просо (или ориз, соја, овесни снегулки)
  • 3-4 лажици масло
  • малку зачин
  • сол
  • бибер
  • 4-5 лажици хејдино брашно (може и друго)
  • малку масло за пржење

Начин на подготовка:

  1. Зеленчукот измијте го и до пола згответе моркови и компири, па додајте карфиол и брокули. Гответе додека не омекнат.
  2. Посебно издинстајте сечкан праз на малку масло, додајте чаша вода. Потоа ставете просо, прелијте со вода и гответе околу 20 минуити додека не омекне. Пред крајот додајте исечкани листови. 
  3. Зготвениот зеленчук измешајте го со кромид и просо, додајте зачини, лук и добро испасирајте. Оставете да се излади и стегне. 
  4. Во изладената смеса измешајте брашно и правете плескавици. Пржете ги на малку масло од двете страни. Послужете ги со разни јадења или во земички со прилог.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“:

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text