Шампињони со сланина потпечени во рерна – Ручек од две состојки со неодолив шмек

Шампињони со сланина потпечени во рерна – Ручек од две состојки со неодолив шмек

Овој ручек е толку брз и лесен и се приготвува од само две состојки. Се служи и ладен и топол, а шампињоните и сланината даваат неодолива арома.

Ова е рецептот:

Состојки:

  • свежи шампињони (количина по желба)
  • Пекабеско сланина на ленти
  • малку маргарин
  • сол
  • бибер
  • вегета

Начин на подготовка:

  1. Ручекот едноставно се прави. Шампињоните се чистат или мијат, па им се вадат дршките.
  2. Во огноотпорен сад се редат печурките една до друга, им се додава сол, бибер и вегета, па се става и малку маргарин или путер одозгора.
  3. Врз зачинетите шампињони распоредете ги парчињата сланината. Одозгора може да наросите и малку црвен пипер, буковец или сув магдонос по вкус.
  4. Ставете го огноотпорниот сад во загреана рерна на 180 степени и печете околу 20 минути.
  5. Може да послужите со павлака или тартар сос.

Добар апетит и уживајте!

Прочитај Gotvi.mk рецепти:

Месо со печурки

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

Шарена тава со зеленчук и пилешко

Пилешко во кари сос

Пилешко со паста и песто сос

Одличен рецепт – Потпечено мешано месо со печурки