Нешто слично на селското месо, меѓутоа сувата пиперка си го прави своето. Уживајте во овој врвен деликатес 🙂
Состојки:
- 350 гр свинска кртина
- 350 гр пилешки стек
- 200 гр свежи шампињони
- 1 главица кромид
- 1 сува пиперка
- 100 гр кашкавал
- сол и бибер
- масло за готвење
Начин на готвење:
- Месото се сече на коцки и се става во тава со загреано масло на оган да се пржи. Местото се динста во сопствениот сок околу 10 минути.
- Потоа му се додаваат ситно исецканите кромид и сува пиперка. Продолжуваме со динстање уште 20 минути.
- Потоа ги додаваме сецканите свежи шампињони и зачинуваме по вкус. Налеваме половина чаша вода и продолжуваме со динстање уште половина час.
- Откако течноста ќе испари и месото ќе порумени го додаваме ренданиот кашкавал.
- Промешуваме додека кашкавалот да се растопи. Сервираме со печени компири и свежа салата.
Уживај во храната и готви со љубов 🙂
Прочитај поврзани рецепти:
Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки