ВИДЕО: Рецепт за пилешко со 40 чешниња лук

ВИДЕО: Рецепт за пилешко со 40 чешниња лук

Одличен специјалитет кој едноставно и лесно можете да го приготвите за целото семејство:

Состојки:

  • пилешко месо
  • 40 чешниња лук
  • масло за готвење
  • сол
  • црн бибер
  • рузмарин
  • кора од лимон
  • чаша бело вино
  • 3 парчиња путер

Начин на готвење:

  1. Пилешкото месо го зачинувате и го пропржувате со малку масло за готвење додека да порумени од двете страни.
  2. Извадете го месото, а на негово место ставете го лукот да се пропржи. Врз чешнињата лук ставете го месото, додадете рузмарин и кора од лимон.
  3. Ставете го да се пече со капак околу 20 минути на средна температура. Извадете го капакот и ставете го да се пече уште 30 минути.
  4. Извадете го месото од садот и ставете го во чинија за сервирање.
  5. За да направите совршен сос, ставете го садот на шпорет и додадете чаша бело вино и оставете да се вари околу 3 минути. Додадете го и путерот кој стоел на собна температура и варете додека не се згусне.

Сосот можете да го сервирате посебно или да го прелиете пилешкото месо.

Повеќе детали во видеото:

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

Шарена тава со зеленчук и пилешко

Пилешко во кари сос

Пилешко со паста и песто сос

Одличен рецепт – Потпечено мешано месо со печурки

Специјалитет: Похoван и печен пилешки стек