Овој рецептен е доста интересен затоа што пилешкиот стек го маринирате, а во исто време го подготвувате за похoвање и на крај го печете во рерна. Резултатот е фантастичен, погледнете како да го направите:
Состојки:
- 600 гр пилешки стек
- 3 јајца
- 1 лимон
- презла
- брашно
- буковец
- сенф
- зачинал
- масло за готвење
Начин на готвење:
- Маринирајте го стекот во сенф, маслиново масло и зачинал, малку посолете и оставете го да отстои.
- Во еден сад ставете 3 јајца, измешајте ги добро и додајте го лимоновиот сок.
- Во друг сад ставете брашно, а во трет сад ставете презла. Потопете ги веќе маринираните парчиња стек најпрвин во јајцата, потоа убаво поминете ги од сите страни во брашното и на крај во презлата.
- Ставете ги во плехче кое е претходно измачкано со маслиново масло. Оставете ги парчињата стек да се печат во загреана рерна на 300 степени до 50 минути. На крај сервирајте со домашен сос, лимон и малку кромид и прилог по желба.
СОВЕТ: Доколку сакате стекот да биде пикантен во презлата додадете малку буковец.
На здравје!
Прочитај поврзани рецепти:
Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко
Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки
Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко