Брзо и вкусно: Уштипци од тиквици и пилешко месо

Брзо и вкусно: Уштипци од тиквици и пилешко месо

Совршени уштипци од пилешко месо и тиквици, ќе ги обожавате!

Состојки:

  • 300 гр пилешко бело месо
  • 1 помала тиквица
  • 4 чешниња лук
  • 2 јајца
  • пченични снегулки
  • сол
  • бибер
  • сусам
  • малку ѓумбир

Начин на подготовка:

  1. Тиквицата исечкајте ја на кругови, па посолете и оставете 15 минути, потоа исцедете. 
  2. Изблендирајте месо, тиквици, лук, пченични снегулки, сусам, сол, бибер и малку ѓумбир. 
  3. Во смесата додајте 1-2 јајца. Вадете со лажица и пржете во длабоко масло и вадете на хартиена салфета. 
  4. Со прилог од компири и некоја убава супа ќе добиете прекрасен ручек.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text