Запечено компир пире – брзо и вкусно

Запечено компир пире – брзо и вкусно

Послужете како прилог со главното јадење.

Состојки:

  • 1 кг компири, излупени и исечени на четвртини
  • путер
  • 1 чешне лук
  • 140 мл млеко Пекабела
  • 25 гр презла
  • кашкавал по вкус
  • 2 гранчиња мајчина душица

Начин на подготовка:

  1. Згответе ги компирите во тенџере полно со вода околу 15 минути, додека не омекнат. Добро процедете ги. 
  2. Загрејте малку путер во истото тенџере во кое ги зготвивте компирите и испржете сечкан лук околу минута, додека не омекне. Потоа, во тава ставете млеко и загрејте додека не стане млако. Вратете ги сварените компири во тенџерето, тргнете го од оган и сомелете ги компирите додека не добиете хомогена смеса. 
  3. Загрејте ја рерната на 180 степени. Во плех или огноотпорен сад со големина 20х30 см ставете го пирето. Посипете со презла, кашкавал и мајчина душица. Печете околу 15 минути додека кашкавалот не се растопи.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text