Брзи и вкусни погачи со ким – утрото нека започне убаво

Брзи и вкусни погачи со ким – утрото нека започне убаво

Направете вкусни погачи со ким.

Состојки:

  • 1 маргарин
  • 1 кг. брашно
  • 3 мали шолји масло
  • 3 мали шолји млеко
  • 1 квасец
  • 2 лажички шеќер
  • 2 лажички сол
  • 1 павлака
  • 50 гр. ким

Подготовка:

  1. Се растопува во млако млеко квасецот со шеќер, па се остава да се активира.
  2. Се меша маргаринот со брашно, па се додава масло и павлака, па и квасецот, а потоа и сол.
  3. Се соединува убаво тестото и се развлекува.
  4. Се премачкува со разматено јајце и се става ким, а потоа се вадат погачи и се редат во плех.
  5. Се печат на 200 степени 30 минути.

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

 

singlepost_text