Деликатес за 20 минути: Тава која крчка, запечени тортиљи со пармезан

Деликатес за 20 минути: Тава која крчка, запечени тортиљи со пармезан

Направете деликатесна тава за сите сетила со тортиљи. Не може да биде повкусно.Ова е рецептот:

Состојки:

  • 1 пакување тортиљи 
  • 1 мала конзерва пченка 
  • 1 кромид 
  • малку магдонос 
  • сол и бибер 
  • рендан пармезан 
  • 3-4 лажици павлака 
  • 2 лажици кечап 
  • маслиново масло

 

Подготовка:

  1. На маслиново масло се пржат сечениот кромид и пченка со магдонос, павлака, пармезан и зачини. 
  2. Се редат тортиљите во плех, се премачкуваат со малку кечап и павлака по краевите, па се става од смесата во средина. 
  3. Се размачкува убаво и се става уште пармезан горе, па се пече на 200 степени 20 минути.

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Мусака со спанаќ

Мусака од карфиол

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

 

singlepost_text