Вкусна ручек тава готова за половина час

Вкусна ручек тава готова за половина час

Направете вкусна кремава тава готова за само 30 минути.

Ова е рецептот за вкусниот ручек:

Состојки:

  • 1 кг карфиол
  • 4 јајца
  • 1 дл млеко
  • 2 лажици павлака
  • 150 гр сирење
  • сол
  • бибер
  • вегета
  • магдонос

Начин на подготовка:

  1. Карфиолот се мие, се дели на цветови па се става во солената вода и се остава да врие.
  2. Се вари пет минути па се става во ладна вода, а потоа се цеди.
  3. Се премачкува длабока тепсија, се распоредува карфилот, се додава сол, бибер и вегета, а потоа се пече во загреана рерна на 200 степени околу 10 минути.
  4. Се матат јајцата со павлаката и млекото, па се става малку сол и се сипува смесата врз карфилот. Се допекува уште 10 минути на 220 степени.
  5. Откако ќе ја извадите од шпоред, одозгора изрендајте го сирење, наросете сечкан магдонос и послужете.

На здравје!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

Тава со тиквички

Топли тиквички полнети со шампињони

singlepost_text