Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнет ананас со ориз и пилешко

Фантастична и несекојдневна слатко – солена комбинација по рецепт кој ни го испраќа Матеа. Се прави многу брзо, а вкусот е одличен, така што задолжително направете го ова неодоливо јадење.

Состојки:

  • 1 ананас
  • кромид
  • лук
  • пилешки стек
  • 2 јајца
  • ориз
  • соја сос
  • маслиново масло

Начин на подготовка:

  1. Загрејте голема тава и ставете малку од маслиновото масло.
  2. Додадете кромид и лук претходно ситно исечкани. Пржете ги во тавата неколку минути.
  3. Додајте го свежото пилешко месо и пропржете го. Откако ќе е готово направете простор во тавчето и додадете ги јајцата.
  4. Откако ќе се испражат јајцата, иситнете ги на мали парчиња и измешајте ги со пилешкото месо во тавчето.
  5. Додадете малку ориз и соја сос. Гответе неколку минути додека оризот да омекне.
  6. Издлабете го ананасот како на фотографијата. Издлабениот дел што се јаде исечкајте го на парчиња и ставете го во тавата.
  7. Промешајте неколку пати и наполнете го ананасот со добиената смеса.

Гответе со љубов и секогаш бидете креативни во кујната 🙂

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепети:

Посна чорба која е неодоливо вкусна

ВИДЕО: Ги пресече доматите на пола и за неколку минути направи неодолив специјалитет

Специјалитет: Похoван и печен пилешки стек

Шлаг од јагоди – вистински пролетен специјалитет

Јапонски специјалитет – Сашими со димен лосос

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

ВИДЕО рецепт: Нискокалоричен чоколаден сладолед

Чоколадна баклава

singlepost_text