Полнетите печурки се многу вкусно предјадење, а особено ако го имате овој Gotvi.mk рецепт 🙂
Состојки:
- 750 гр печурки (големи шампињони)
- 3 млади кромитчиња
- 2 чешниња лук
- 250 гр шунка
- 150 гр кашкавал
- 100 гр павлака
- 1 јајце
- магдонос
- пармезан
- масло за готвење
- зачини
Начин на готвење:
- Одете во најблискиот маркет и одберете ги најголемите шампињони кои се продаваат. Ако не можете да бирате, земете запакувани, секако ќе успеете да ги наполните.
- Исчистете ги шампињоните со четка бидејќи така е правилно. Да бидеме искрени, ние ги измивме, што ги направи малку набабрени, но секако беа исклучително вкусни 🙂
- Извадете им ги дршките кои потоа ќе ги исчкате на ситни коцки.
- Во сад со масло за готвење кратко пропржете ги претходно ситно исечканите лук и млад кромид. Додадете ја шунката ситно исчканата на коцки, како и иситнетите дршки од печурките и пропржете уште кратко. За овој специјалитет ние употребивме Пекабеско шунка.
- Тргнете го тавчето од оган и оставете ја смесата да се олади. Ставете ја во длабок сад.
- Додадете го јајцето, кашкавалот исечкан на ситни коцки, Пекабела павлаката и магдоносот. Мешате додека да добиете компактна смеса.
- Печурките ги полните една по една со добиената смеса. Најодозгора секоја печурка ја посупувате со пармезан и ја редите во тава за печење на која е поставена хартија за печење.
- Печете околу 25 до 30 минути на температура од 180 степени.
На здравје!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Топ 10 највкусни Gotvi.mk рецепти со печурки
Одличен рецепт – Потпечено мешано месо со печурки
Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки