Звучи неверојатно, но е вистинито. Пробајте да направите солени рафаело бомбици. Ние ви го откриваме рецептот:
Состојки:
- 300 гр сирење
- 100 мл павлака
- 100 гр кикиритки маринирани
- 150 гр шунка
- 100 гр кашкавал
- 40 гр пармезан
Начин на подготовка:
- Ситно исечете ги кикиритките, сирењето и шунката, а кашкавалот изрендајте го.
- Сè ставете во сад и мешајте додека смесата да стане компактна. Ставете го садот во фрижидер додека смесата малку да се стврдне.
- Од смесата направете бомбици. Секоја од нив убаво поминете ја во сад со пармезан.
Поврзани вести на Gotvi.mk: