НИКОГАШ ПОВКУСНО: Јунешко во црно вино

НИКОГАШ ПОВКУСНО: Јунешко во црно вино

Јунешкото месо подготвено на овој начин ќе ве освои. За следниот ручек еве супер идеја!

Состојки:

  • 700 гр јунешко месо без коски
  • 50 гр свинска маст
  • 3 главици кромид
  • 2 целер
  • 3 моркови
  • 60 гр кечап
  • 600 мл црно вино
  • бибер
  • сув зачин
  • сол
  • ловоров лист

Начин на подготовка:

  1. Месото исчистете го од жили и исечете го на коцки со големина на залак.
  2. Во лонец загрејте маст, додајте ситно сечкан кромид, морков и корен целер исечкан на ленти, малку посолете па пржете на тивок оган додека зеленчукот не омекне.
  3. Потоа во лонецот додајте кечап, исечкано месо, ловоров лист, додајте црно вино и вода колку да ги покрие состојките. Откако ќе зоврие, гответе на тивок оган, по потреба додавајќи вода, околу час и половина додека месото не омекне.
  4. Месото посолете го и побиберете го дури откако специјалитетот ќе биде готов, бидејќи солта ја извлекува водата, па од месото би се исцедил сокот, а запечениот бибер има непријатен вкус и мирис.

 

Добар апетит!

Прочитај Gotvi.mk рецепти:

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

Шарена тава со зеленчук и пилешко

Пилешко во кари сос

Пилешко со паста и песто сос

Одличен рецепт – Потпечено мешано месо со печурки

singlepost_text