Денеска нагла промена на времето

Денеска нагла промена на времето

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло, доцна попладне и во вечерните часови на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено во западните делови.Утринската температура ќе се движи од 10 до 18, а дневната од 27 до 34 степени.

УВ-индексот ќе има вредност 8.

Во Скопје слично време, претпладне сончево и топло со мала облачност, доцна попладне и во текот на вечерта ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе достигне до 31 степен.

Повремени врнежи од дожд ќе има и во текот на ноќта кон четврток, како и претпладне, а преку денот облачноста ќе се намалува.

Позначителен влажен бран се очекува во сабота попладне, а за време на викендот ќе дува засилен северен ветер, а ќе има и значително намалување на дневната температура.

Повеќе на Готви.мк:

10 „убијци“ на вишокот калории

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

Диетален појадок што ќе ве држи сити

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

singlepost_text