Неодолив десерт: Банана сплит со чоколадо и кокос

Неодолив десерт: Банана сплит со чоколадо и кокос

Неодолив десерт кој ќе го обожавате!

Состојки:

  • 170 гр темно чоколадо
  • 2 лажици путер
  • 1/2 мала шолја кокосово млеко
  • 2 лажици темен рум
  • 2 лажици кари
  • 1 лажичка кора од лимета
  • 200 гр слатка павлака
  • 1 лажица шеќер во прав
  • 4 банани
  • сладолед од ванила
  • мешани јаткасти плодови
  • кокос 

Начин на подготовка:

  1. Чоколадото и путерот заедно растопете ги на слаб оган до глатка смеса. Потоа измешајте ги наредните четири состојки. 
  2. Павлаката и шеќерот во прав разматете ги во шлаг па изладете и држете во фрижидер до употреба. 
  3. Во сад наредете по 2 половини банани. Помеѓу додајте 3 топчиња сладолед од ванила. 
  4. Прелијте со топол чоколаден прелив. Додајте шлаг па посипете со кокос и иситнети јаткасти плодови.

Уживајте!

singlepost_text