Етно доручек од стар леб готов за 15 минути (Видео)

Етно доручек од стар леб готов за 15 минути (Видео)

Никогаш не го фрлајте лебот кој ви останува од претходниот ден. Од него можете да направите вкусно јадење…

Состојки:

  • леб без кора или тост
  • ајвар
  • тенки парчиња сланина или шунка
  • сирење
  • јајце

Начин на подготовка:

  1. Лебот без кори исечкајте го на парчиња. Ако користите тост леб тогаш исечете ја кората. Со сукало малку истанчете го лебот. Ставете во намастена чинија. 
  2. Лебот премачкајте го со ајвар и преку ставете парчиња сланина или шунка. Потоа сирење по желба и едно јајце. Ставете да се пече на 200 степени додека јајцето не се запече, околу 15-20 минути. Извадете и малку зачинете.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ во прилог:

Поврзани вести на Gotvi.mk

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости

Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука

 

singlepost_text