Овие грицки се одлично мезе на секоја трпеза, а многу се практични кога ќе ви дојдат гости. Овие солени топчиња се направени по рецепт на Зорица и се многу вкусни и декоративни.
Состојки:
- 300 гр брашно
- 1 маргарин
- 1 цело јајце
- 1 кафена лажичка сол
- 1 прашок за пециво
- 1 жолчка
- 1 белка
- кикирики за во секое топче
Начин на готвење:
- Маргаринот се мати да се растопи, по што се додава брашното и останатите намирници од рецептот, освен кикириките и белката.
- Откако смесата ќе се соедини и изедначи, рачно се формираат топчиња, а во секое во средината се додава кикиритка.
- Секое топче се потопува во белката која останува од едното јајце, по што се валка во сусам, ким, сончоглед и слично по избор.
- Топчињата се редат на хатија за печење во тавче и се печат 20-25 минути на температура од 200 степени, , но да се внимава да не потемнат, односно да ја задржат светлата боја како пециво.
Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости тука
Рецепт за омилената даска за мачкање на Влатко тука
ФОТО: Традиционална македонска даска
На здравје!