Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Се прават за 5 минути, а сè што ви треба е тост леб, зденка, кашкавал и маслинки по желба.

Начин на приготвување:

  1. Исечете ги краевите од тост лебот. Средината ја поминувате и растегнувате со сукало.
  2. Наредете зденка, малку рендан кашкавал и сецкани маслинки по вкус. Балансот на состојките направете го вие.
  3. Виткате во форма на пирошка и дополнително ги спојувате двата краја.
  4. Пирошката убаво поминете ја во сад со изматени јајца, па потоа во презла и пржете додека не добие румена боја.
  5. Постапката ја повторувате со секоја следна пирошка која ќе ја подготвите.

Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости

Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука

Солен колач кој се прави неверојатно брзо

ВАЖЕН СОВЕТ: Не ги фрлајте корките од лебот. Исечете ги на коцки и пропржете ги во тавче со маслиново масло. На овој начин ќе добиете совршени домашни кубети кои може да ги искомбимирате како додаток во свежа салата 🙂

На здравје!