Брза и евтина вечера за целото семејство: Воздушести крофни со сирење (Видео)

Брза и евтина вечера за целото семејство: Воздушести крофни со сирење (Видео)

Воздушести крофни во комбинација со свежо сирење – едноставен и неодолив оброк!

Состојки:

  • 250 мл млеко
  • 1 јајце + 1 жолчка
  • 400 гр брашно
  • масло
  • 15 гр квасец
  • 200 гр сирење
  • сол
  • шеќер

Начин на подготовка:

  1. Потопете квасец во млако млеко, додајте јајце па разматете, додајте 2 лажици масло, 1 лажичка шеќер и малку сол, додајте го остатокот од брашното и замесете меко тесто па оставете го да нарасне покриено околу половина час. 
  2. Растегнете го тестото на половина сантиметар па со чаша вадете крофни. Во сирењето ставете жолчка и изедначете. 
  3. Во секоја исечена крофна ставете лажичка сирење и поклопете со уште една крофна, па притиснете ги рабовите. 
  4. Оставете ги да одморат околу 15 минути па пржете ги на умерено масло да поруменат од двете страни.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text