Рецепт за почетници: Како да испржите млади компирчиња да бидат крцкави од надвор, а меки од внатре (Видео)

Рецепт за почетници: Како да испржите млади компирчиња да бидат крцкави од надвор, а меки од внатре (Видео)

Рецептот е наменет за почетници и сите оние кои не се сигурни како најдобро да испржат млади компирчиња.

Состојки:

  • 1 кг млади компирчиња
  • сол
  • зачини по желба
  • 100 мл масло

Начин на подготовка:

  1. Компирите исчистете ги, измијте ги и добро избришете ги да нема вода. Во тава ставете масло и оставете добро да се загрее. Подгответе и поклоп па префрлете ги полека компирите и брзо поклопете. 
  2. Намалете го огнот на минимум за компирот да омекне на сопствената пареа. Потоа појачајте го го огнот за компирот убаво да се запече и да порумени од сите страни. Со решеткаста лажица вадете ги компирите во чинија.
  3. Подгответе зачини (магдонос, темјан, рузмарин, сув зачин, бибер…). Сè измешајте и додајте во компирите, поклопете за компирите да ги впијат мирисите. 
  4. Компирите можете да ги сервирате со месо, сирење, домати…

Добар апетит!

Деталите погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text