Пирамиди од бисквити и чоколадо

Пирамиди од бисквити и чоколадо

Вкусни чоколадни пирамиди за секоја пригода. 

Ова се потребните намирници и начинот на кој се подготвува вкусниот десерт:

Состојки за тесто:

  • 400 гр мелени бисквити
  • 360 гр шеќер
  • 4 лажици какао
  • 8 лажици млеко
  • 2 кеси ванилин шеќер
  • 200 гр маргарин

Состојки за фил:

  • 4 жолчки
  • 2 јајца (цели)
  • 12 лажици шеќер
  • 2 лажици брашно
  • 200 гр маргарин
  • 50 гр чоколадо

Начин на подготовка.

  1. За тесто соединете ги сите состојки, со рака замесете тесто и направете топчиња па убаво поминете ги во малку ванилин шеќер.
  2. Направете го филот. Измешајте ги јајцата, шеќерот, брашното и млекото и варете додека не се згусне смесата, па додајте го чоколадото. Откако смесата ќе се излади, додајте го и маргаринот.
  3. Топчињата од тесто ставете ги од внатрешната страна на цедалка за лимо за да се направи форма која може да ја полните со филот. Со лажици наполнете ги со готовата смеса, па од тестото направете и мал капак и затворете ја пирамидата.
  4. По желба, можете да ги прелиете со чоколадо одозгора.

Повеќе десерти на Gotvi.mk:

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

singlepost_text