Одличен десерт со кокос и чоколадо од само неколку состојки

Одличен десерт со кокос и чоколадо од само неколку состојки

Нема полесен и повкусен десерт. Се прави брзо од неколку состојки.

Ова е рецептот за вкусниот и брз десерт:

Состојки:

  • 300 гр кокос
  • 250 гр маргарин
  • 50 гр шеќер во прав
  • 500 мл слатка павлака
  • 300 гр чоколадо за готвење

Начин на подготовка:

  1. Кокосот, маргаринот и шеќерот во прав се ставаат во сад, па се замесуваат со рака. Се дели смесата на два дела и се формираат две кори.
  2. На шпорет се става павлаката со искршеното чоколадо за готвење да се растопи, но внимавајте, бидејќи смесата не треба да зоврие. Со тоа ќе добиете фил.
  3. Оставете да се олади.
  4. Сипете третина од филот во плех и ставете да се замрзне. Потоа, ставете ја одозгора првата кокос кора, па додајте повторно фил, па оставете да се стегне во ладилник.
  5. Потоа ставете ја другата кора и одозгора остатокот од филот.

Добар апетит!

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта