Јаболка во тесто од пиво

Јаболка во тесто од пиво

Овој десерт ќе ве освои!

Состојки:

  • 2 јајца
  • 175 гр брашно
  • 250 мл светло пиво
  • сол
  • 5 големи јаболка
  • 300 мл масло
  • 2 лажици вештачки засладувач во прав
  • 1 лажичка цимет

Начин на подготовка:

  1. Одвојте ги жолчките од белките. Измешајте брашно, пиво, жолчки и малку сол. Оставете го тестото да отстои на топло околу 15 минути, да нарасте.
  2. Во меѓувреме излупете јаболка со нож и издлабете ги семките од средина. Исечете ги јаболката на кругови со дебелина од 1 см. Цврсто разматете белки и измешајте во тестото.
  3. Загрејте масло во помал сад. Со вилушка набодете парче јаболко, провлечете го низ тестото и испржете го во масло додека не добие златнорумена боја. Испржените парчиња ставете ги на хартиена салфета.
  4. Пред сервирање посипете со шеќер во прав.

Уживајте!

Повеќе на Готви.мк

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

ВИДЕО: Рецепт за органска маска за длабинска нега на оштетена коса

ВИДЕО: Направете шеќерна паста за депилација

10 „убијци“ на вишокот калории

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

singlepost_text