Тестенини со доматен сос и кашкавал – брза и вкусна вечера

Тестенини со доматен сос и кашкавал – брза и вкусна вечера

Брза и вкусна вечера..

Состојки:

  • 3 лажици маслиново масло
  • 4 чешниња лук
  • 1 помала главица кромид, исечкан
  • 800 мл конзервиран домат
  • 1 рака свеж босилек
  • 500 гр тестенини по желба
  • 4 шолји вода (960 мл)
  • 100 гр рендан кашкавал
  • сол, бибер, пипер

Начин на подготовка:

  1. Во големо тенџере загрејте масло, па на него пропржете ги лукот и кромидот, околу 3 минути. Потоа додајте ги останатите состојки, прелијте со 4 шолји вода, ставете зачини, посолете и почекајте да зоврие. 
  2. Откако ќе зоврие, продолжете да готвите колку што пишува на пакувањето од тестенините. 
  3. Кога ќе биде готово, нема да има потреба од цедење, бидејќи тестенините ќе ја впијат течноста, а пастата ќе биде подготвена за послужување. 
  4. Додајте рендан кашкавал и уживајте во брзата вечера!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text