Наместо тесто, сладок компир: Пробајте батат – мини пици

Наместо тесто, сладок компир: Пробајте батат – мини пици

Мини пици без грижа на совест – можно е, но наместо тесто искористете зеленчук, и тоа сладок компир, познат и како батат.

Состојки:

  • 1 голем компир/батат
  • 100 гр сирење моцарела
  • пелат домати
  • сув босилек
  • сув зачински кромид

Начин на подготовка:

  1. Исечкајте сладок компир на парчиња и печете во рерна на 200 степени, 10 минути. Кога ќе поминат првите 5 минути, свртете ги парчињата компир, за да се испечат од двете страни.

     

  2. На секое парче компир ставете по една лажица пелати, исечкана моцарела, сушен кромид и босилек. Вратете да се пече уште 3 минути, додека сирењето не се растопи.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text