Рецепт за пилешки бујон…
Состојки:
- 2 кг сирови иситнети пилешки батаци со крила и коски
- 1/2 главица лук
- исечкан целер
- 2 парчиња сечкан праз
- 2 главици крупно сечкан кромид
- 2 сечкани моркови
- 3 ловорови листови
- 2 гранчиња свеж рузмарин
- 5 гранчиња свеж магдонос
- 5 гранчиња свежа мајчина душица
- 5 цели зрна бибер
- 6 л ладна вода
Начин на подготовка:
- Во големо тенџере ставте пилешко, издробен лук, зеленчук, зачински билки и бибер. Додајте ладна вода и зовријте. Тргнете ја маснотијата од површината, намалете го огнот и оставете да се готви 3-4 часа. Повремено отстранувајте ја маснотијата.
- Процедете низ сито, оставете половина час да се излади па ставете во фрижидер. Кога ќе се излади ставете го бујонот во пластични садови со капаци и замрзнете.
Поврзани вести на Gotvi.mk
Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки
Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости
Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки