Оригинален и класичен рецепт: Најбрза „Француска салата”

Оригинален и класичен рецепт: Најбрза „Француска салата”

Направете вкусна француска салата. Проверен класичен рецепт.

Состојки:

  • 5-6 поголеми компири
  • ½ кг. моркови
  • 1 голема конзерва грашок
  • 1 голема тегла кисели краставички
  • 6-8 тврдо варени јајца
  • 4-5 кеси мајонез
  • 2 лажици павлака
  • сол, бибер и магдонос

Подготовка:

  1. Се вари компирот, се лади и лупи.
  2. Се лупат морковите, се сечат на мали коцки и се варат во солена вода.
  3. Се варат јајцата и се ладат.
  4. Се сечат ситно краставичките и јајцата.
  5. Се ставаат сите состојки ситно сечени во сад, се додава мајонез, павлака и зачини.
  6. Се меша.
  7. Декорирајте со магдонос.

Добар апетит!

 

singlepost_text