Појадок буквално за 5 минути: Загревате тава и имате деликатес за Добро утро

Појадок буквално за 5 минути: Загревате тава и имате деликатес за Добро утро

Направете вкусен појадок кој ќе ви даде енергија и ила, а е готов за пет минути и тоа буквално.

Ова е рецептот:

Состојки:

  • 2 јајца
  • 30 гр. сирење
  • сол
  • вегета
  • 3 шери домати
  • 2 лажички балсамико
  • 1 лажица маслиново масло

 

Подготовка:

  1. Се матат јајцата убаво со жица или вилушка и се ставаат вегета и сол.
  2. Загрејте тава со малсиново масло, па се ставаат јајцата, како што ставаме палачинка.
  3. Ставете го сирењето на средина, преклопете ги јајцата како за палачинка, па испечете ги од сите страни.
  4. Вака јајцата се држат околу 40 секунди, па ќе видите дека ќе се одлепи омлетот како палачинка, и тогаш ќе знаете кога е време да ги свртите.
  5. Извадете ја омлет палачинката на чинија, ставете балсамико и сечени домати шери.

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Сакате совршено пржени јајца?

ВИДЕО: Дали досега погрешно сме ги пржеле јајцата?

ВИДЕО: Шест одлични готварски трикови

ВИДЕО: Готварски трик – како одеднаш да излупите 3 варени јајца

Ги чувате јајцата на вратата од фрижидерот?

ВИДЕО: Ова се прави од картон од јајца

 

singlepost_text