Дали го знаете овој вкусен рецепт за ориз со пилешко?

Дали го знаете овој вкусен рецепт за ориз со пилешко?

Пилешко месо е присутно на трпезите, но деликатес спремен на ваков начин е навистина уживање за сите сетила.

Ова е рецептот за највкусната тава со ориз:

Состојки:

  • 3-4 лажици масло
  • 800 гр пилешко
  • 150 гр лук
  • 250 гр домати
  • 500 гр пиперки
  • 500 мл вода
  • 1 коцка за супа
  • 250 гр ориз
  • магдонос за декорација

Начин на подготовка:

  1. На загреано масло се пржи пилешкото месо, па му се додаваат вегета и малку вода. Месото се остава да врие околу 15 минути.
  2. Се вади месото од тавата, па се остава настрана. На маслото кратко се пржи и ситно исечениот лук.
  3. Се додаваат и доматите кои ситно ќе ги исечете, пиперките (исечкани на ситни коцки), па заедно се динста кратко време.
  4. Во друг сад на оган се става водата, коцката за супа и се вари пет минути, заедно со оризот.
  5. Во длабока тава за печење се ставаат водата со оризот, пилешкото месо врз нив, а најгоре се реди зеленчукот.
  6. Вака подготвената тава се пече во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути.
  7. Декорирајте со свеж магдонос по вкус.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Посна чорба со ориз

Вкусна крем чорба од ориз

Постои еден трик за да не се згусне оризот

Пита со ориз и праз

Направете кремава ориз салата

Салата од ориз и колбас

singlepost_text