Оваа салата има многу богат вкус, а можете да ја послужите и како лесен оброк.
Состојки:
- 150 гр ориз
- сол
- 2 големи пиперки
- 1 мало јаболко
- 200 гр колбас Пекабеско
- 1 главица кромид
- 200 гр јогурт
- 1 лажичка лутеница
- бибер
Начин на подготовка:
- Згответе го оризот. Исчистете ги пиперките. Излупте го јаболкото, исчистете го од семки и исечкајте го. Пиперките и колбасите исечкајте ги на парчиња. Процедете го оризот, оставете го да се излади и измешајте го со подготвените состојки.
- За прелив ситно исечкајте кромид, па измешајте со јогурт, лутеница, малку сол и бибер. Прелијте ја салатата и добро измешајте ги сите состојки.
- Држете ја салатата околу 30 минути во фрижидер за состојките да ги впијат вкусовите од преливот. Сервирајте по желба со зачински билки, кромид или лута пиперка.
Добар апетит!
ВИДЕО: Појадок за 8 минути – неодоливи сендвичи со шунка и кашкавал
Најбрзиот рецепт за кифли за сите домаќинки
Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви