Пита со ориз и праз: Највкусниот рецепт за секоја прилика!

Пита со ориз и праз: Највкусниот рецепт за секоја прилика!

За доручек, вечера, слава – кога и да ја направите оваа пита, сите ќе уживаат во неа.

Состојки:

  • 500 гр кори за пита
  • 500 гр праз
  • 1 морков
  • 150 гр ориз
  • сол по вкус
  • бибер по вкус
  • 1 дл кисела вода

Начин на подготовка:

  1. Згответе ориз во посолена вода, процедете го и оставете го на страна. Празот исечкајте го на тенки кругови, па издинстајте го на малку масло. Кога празот малку ќе омекне, додајте му изрендан морков. Кога зеленчукот ќе омекне, зачинете по вкус, па соединете со варениот ориз.
  2. Ставете една кора, па пропрскајте ја со мешавината од 1 дл кисела вода и 20 мл масло. Посипете фил, па покријте со друга кора. Повторно пропрскајте со мешавина од кисела вода и масло, посипете со фил, па покријте со трета кора. Пропрскајте, поисипете со фил и свиткајте во ролат.
  3. Ролатот ставете го во плех обложен со хартија за печење. Повторете ја постапката и со останатите кори. Кога сите ролати ќе бидат наредени, прелијте со мешавина од кисела вода и масло и по желба посипете со сусам.
  4. Печете во загреана рерна на 200 степени, додека не порумени. Печената пита прекријте ја со крпа и оставете ја десетина минути, а потоа сечете ја и послужете.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

singlepost_text