Кох од гриз и јајца: Рецепт со кој не можете да погрешите

Кох од гриз и јајца: Рецепт со кој не можете да погрешите

Кога ви се јаде нешто слатко, тука е одличниот кох…

Состојки:

  • 8 јајца
  • 8 лажици шеќер
  • 8 лажици гриз
  • 3 лажици брашно
  • 1 кесичка прашок за печиво

Состојки за прелив:

  • 1 л млеко
  • 6 лажици шеќер
  • 1 кесичка ванилин шеќер

Начин на подготовка:

  1. Разматете пенасто белки, додајте шеќер и жолчки. Потоа гриз и брашно измешано со прашок за печиво. Тепсијата намастете ја со маргарин и посипете со брашно. Ставете ја масата и печете во загреана рерна на 200 степени околу 15 минути.

     

  2. Млекото, шеќерот и ванилиниот шеќер ставете ги да зовријат. Врелиот кох прелијте го со зовриено млеко, оставете да се излади и сечете на коцки.

Уживајте!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text