Уштипци кои не се пржат – Врз нив крчка прелив

Уштипци кои не се пржат – Врз нив крчка прелив

Се спремаат за половина час, вкусни се и посебни.
Нов рецепт за уштипци.

Состојки:

  • 500 гр. брашно
  • 1,5 шолји топла вода
  • 10 гр. квасец
  • 3 лажици масло
  • 1 лажиче сол

Прелив:

  • 4 јајца
  • пола шолја кисело млеко
  • 150 гр. сирење
  • масло

Подготовка:

  1. Се сее брашното и се растваа квасецот со една лажичка брашно во топла вода, а откако ќе се активира се става во брашното, со сол, масло и останатата вода.
  2. Се замесува тесто, се става во вангла премачкате со масло, се става крпа и се остава да нарасне.
  3. Се матат жолчките со вилушка и се додава ронето сирење и кисело млеко па се меша.
  4. Се премачкува сад за печење со масло и се земаат топчиња од тестото, па се натапкуваат како крофни и се редат со растојание во плехот.
  5. Се става рамномерно смесата со јајца од горе и се пече на 180 степени околу 25 минути.

Добар апетит!

 

 

 

 

singlepost_text